ВМРО-ДПМНЕ побара итна седница за епидемијата на хеморагична треска во гостиварско

by fokus

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ поведуваат инцијатива и бараат да се свика итна седница и отворање на случајот со епидемијата во гостиварско пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на Република Македонија, на која ќе се дискутира за случајот во гостиварска Симница каде се случи епидемија на хеморагична треска и тоа од најлесниот облик, а од која починаа две лица, десет се хоспитализирани, а за десетици не се знае дали се инфицирани или не“, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека ситуацијата во Гостивар е сериозна и алармантна, а граѓаните со право се загрижени.

Ние, додаде таа, како претставиници на граѓаните во Собранието на Република Македонија бараме одговори од надлежните институции за оваа сериозна и алармантна состојба во здравството.

„Ситуацијата е повеќе од сериозна и не смееме да дозовлиме поради неодоговрноста и неажурноста на надлежните оваа зараза да се прошири низ целата држава и да се загрози здравјето на граѓаните“, вели Стојаноска.

Поврзани новости