МПЦ: Да се зачува унитарноста на државата

by fokus

Синодот на МПЦ преку соопштението од денешната седница, порача да се зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на Македонија во согласност со Уставот, како и унитарниот карактер на државата.

-Сегашноста и иднината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на Македонија, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа, нашиот верен народ треба да се раководи и од евангелските христијански вредности. Македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секој од нас, што подразбира живеење по Божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот на РМ- се наведува во соопштението од Синодот на МПЦ-ОА.

Според Синодот, на Македонија ѝ е потребен попис на населението кој треба да биде спроведен не заради одземање нечии права, туку за остварување на придобивките на сите граѓани што живеат во земјата.

Поврзани новости