Мицковски: ВМРО ќе го поддржи секое решение во интерес на граѓаните

by Фокус

Потребен е политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е волја од владејачкото мнозинство, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент, Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи секое решение и реформски процес за кое ќе оцени дека е во интерес на државата и јакнење на демократски процеси, доколку е во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, рекол Мицковски, кој воедно истакнал дека актуелната власт спроведува политички прогон врз граѓаните, како и врз пратениците од неговата партија.

Поврзани новости