Отворена предистражна постапка за делењето предмети на рака во судовите

by fokus

Скопското јавно обвинителство отвори предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите со АКМИСОТ што го достави експертската група од министерството за правда, изјави за Сакам да кажам.мк јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

„Во врска со неправилностите во електронската распределба на предметите кај судии што ги воочила групата експерти при министерството за правда,  при извршените контроли во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот и во други судови, можам да ви потврдам дека се води предистражна постапка и во оваа фаза таа е тајна“, одговори Јовески.

Поврзани новости