Мицкоски: Не сме се договориле да го изгласаме законот за јазици, а за возврат да бидат ослободени патриотите од 27 април

by Fokus

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека шпекулација е дека неговата партија се договорила со владејачките партии да се врати во Собранието и да се изгласа законот за јазици, а за возврат на тоа да бидат ослободени притворените за случувањата во Собранието на 27 април.

– Оваа шпекулација ја слушам од вас. Апсолутно нема такво нешто, ниту некој зборувал за тоа. Се разбира дека мораме да ја релаксираме политичката атмосфера во државата и опозицијата треба да биде дел од тоа, но, како што велат и претставниците од меѓународната заедница, најодговорна за овозможување демократски амбиент е Владата – рече Мицкоски.

Поврзани новости