Министрите Јанкулоска и Јанакиески си поднесоа оставка

by fokus

Пред малку во јавноста се појави информацијата дека министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, си поднела оставка. Откако побаравме одговор од портпаролот на МВР, Иво Котески, тој не ја демантираше информацијата, туку не упати прашањето да го поставиме во институцијата каде што се поднесуваат оставките, напоменувајќи дека тој и не морал да биде информиран за таков потег на министерката.

Веднаш го побаравме портпаролот на Владата, Александар Ѓеоргиев,кој не информираше дека министерката си поднела оставка, а истото го сторил и министерот Миле Јанакиески.

Георгиев истакна и дека премиерот веќе испратил предлози до Собранието за нови министри, односно за местото на Јанкулоска го предложил Митко Чавков, актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, а на местото на Јанакиески, е предложен Владо Мисајловски.

Од Влада информираат и дека набрзо министрите ќе ги образложеле причините за оставките.

Поврзани новости