ЛДП бара да се укине „Мој термин“

by Фокус

Министерството за здравство да го укине проектот „Мој термин” и да ги остави лекарите да си го работат она за што се едуцирани и тоа без притисоци, а не да ги исполнуваат политичките желби на Тодоров и на неговата медицинско-економска дружина, побара денеска ЛДП

„Уште еден проект на Владата на Груевски доживеа фијаско. Проектот „Мој термин“ покажа дека е необмислен и дека немаше потреба од него. Да не говориме и за скапите реклами за негово промовирањe. Апелираме Фондот и Министерство за здравство, вината за несупехот на проектот „Мој термин” да не ја бара кај пациeнтите, туку кај себе. Сите ние, како пациенти, сведоци сме дека овој систем не функционира и дека македонското здравство е пред колапс. Министерството, раководено од Никола Тодоров, продуцираше низа финансиски скандали. Овој министер, кој мисли дека операциите и здравствените услуги се видео игри, не одговараше, ниту од морални причини даде оставка за наместениот милионски тендер за Ивона Талевска. Со силен притисок врз судството, Тодоров успеа да го загуши штрајкот на лекарите, за подоцна да биде уапсен синидикалниот лидер д-р Дејан Ставриќ. Додека министерот шеташе по болници и ловеше доктори и медицински сестри кои спијат или пушат, пациенти го губеа видот, а директорката беше наградувана како мошне „успешна“ од министерот. И врв на сѐ беше проектот кој, наместо ред, внесе хаос во здравството“, се вели во соопштението на партијата на Андреј Жерновски.

Поврзани новости