Јован Илиевски избран за судија во Стразбур

by fokus

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го избра Јован Илиевски за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права, јави Телма.

Гласањето беше тајно, а во него учествуваа парламентарци од 47 земји-членки на Советот на Европа. На гласачкото ливче, освен Илиевски, беа и судиите Наташа Габер-Дамјановска и Звоимир Јанкуловски.

Претходно, по разговорите со македонските кандидати, членовите на ПССЕ со тесно мнозинство предност и даваа на судијката Гебер-Дамјановска, а  Јанкуловски не доби ни препорака од Комисијата на ППСЕ.

Поврзани новости