Изборот на претседатели на судовите одложен по Нова Година

by fokus

Новите претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1 ќе бидат избрани по Нова година, бидејќи сè уште е во тек вонредното оценување на кандидатите за оваа функција во двата суда. Ова го изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Тој рече дека кривичните пријави и претставките кои ги имаат поднесено или кои ги имаат добиено од свој колега кандидатите за претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд нема да влијаат врз оценувањето и врз нивниот избор за претседател.

Кривични пријави имаат Владимир Панчевски и Иван Џолев, противкандидати за Кривичен, а претставки се поднесени против нив, но и против Лидија Неделкова и Јово Вангеловски кои се во трката за претседател на Врховниот суд.

Караџовски ја отфрли информацијата за поправка на оценките на одредени судии, затоа што, како што рече, оценките се тајни и никој не ги знае.

Судскиот совет во ноември донесе одлука за вонредно оценување на кандидатите за претседатели на овие судови, поради тоа што застареле оценките на кандидатите кои последен пат биле оценети во 2014-та година.

Поврзани новости