Искршен штаб на СДСМ во Гостивар

by fokus

Синоќа, со камења и бекатонски плочки биле искршени стаклата од влезот на партиското седиште на СДСМ во Гостивар. Според СВР Тетово, искршени се три стакла со димензии од 130 х 200 сантиметри.

Полицијата проверува дали и овој напад е поврзан со изразеното  незадоволство од донесениот Закон за јазици.

Изминатите денови неколку десетици лица протестираат пред домовите на пратеници од СДСМ, бидејќи гласале за Законот за јазици.

Фотографија: архива

Поврзани новости