408
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е на средба со еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници, не дозволи медиумите да снимаат инсерти ниту пак ќе даде изјава за медиумите, пренесе порталот А1Он.
Ова не е прв пат Груевски да ги избегне камерите. Тој и минатиот месец на средбата со Хан не сакаше снимање, ниту одговараше на новинарски прашања како сите лидери на политичките партии.