Груевски се заканува : Жестоко ќе одговориме, Заев да не си поигрува со народот

by fokus

Доколку СДСМ влезе во такво сценарио за кое се заговара деновиве на неправно, незаконско, недемократско, неделовничко однесување во Парламентот, треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира остро, а треба да очекува дека и народот во Македонија ќе има сериозна реакција според она што можеме да го видиме деновиве.

Оваа изјава ја даде денеска лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи ја новинарско прашање околу гласините дека СДСМ планира насилен избор на претседател на Собранието.

-Тоа би било голема грешка на СДСМ во правец на нарушување на демократијата на Република Македонија и нарушување на стабилноста во земјата. Народот е прилично сензибилитиран, народот е свесен дека Заев има преземено обврски, дека добива фактура која сама ја договорил, дека ќиријата му е висока, но народот и државата не се должни да ја плаќаат неговата фактура и тој треба да го знае тоа. Овој народ е свесен, знае што се случува, гледа какви обврски преземал Заев и неговата банда од СДСМ криминалци и реагира секојдневно на улиците. Го предупредувам да не си поигрува со демократијата во Република Македонија, да не си поигрува со народот бидејќи оваа држава не е негова, државата е на народот и тој не може зад грбот на народот да договара одредени сценарија, платформи од туѓи држави и тоа после избори и откако ги исполажа луѓето. Да не мисли дека тоа ќе помине туку така и дека народот ќе остане со скрстени раце. ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори жестоко и ќе одговори соодветно – рече Груевски.

Поврзани новости