Годинава повеќе пари за чистење: Снегот од улиците треба да го стопат 5,5 милиони евра

by fokus

За ангажирање на механизација од приватни фирми за чистење на улиците и патиштата од снег, како и за набавка на индустриска сол и ризла, во зимската сезона 2017-2018 година, планирано е да се потрошат околу 340 милиони денари јавни пари, односно околу 5,5 милион евра, објави opendata.mk.

Она што е значајно, е дека годинава за оваа намена се предвидени повеќе пари од изминатите две сезони, односно за сезоната 2016-2017 биле потрошени 300.000 евра помалку, а во 2016-2017 година биле предвидени 400.000 евра помалку. Ова се дополнителни трошоци, покрај оние за редовно буџетско финансирање на работењето на државните и локалните јавни претпријатија чија основна дејност е токму одржувањето на илиците и патиштата.

Според истражувањето на opendata.mk најмногу пари за зимско одржување ќе потрошат „ЈП Македонија пат“, Градот Скопје и Општина Гази Баба. Доминатен дел од парите (вкупно 3,1 милион евра) односно 56% ќе бидат потрошени од „ЈП Македонија пат“, кое е задолжено за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и чија задача е и нивно зимско одржување.

 

Поврзани новости