Заев мора да извади меч, за да не заврши на штитот

by fokus

Искуството од парламентарните демократури каква што е македонската, говори дека без оглед на начинот на промена на власта, мирно или насилно, режимот продолжува и натаму жилаво да ги брани сопствените интереси и се труди да преживее и во новото опкружување.

Тоа главно се случува на два начина: пакт со новата власт или жесток отпор со обиди за преврат. Првото главно завршува со компромитација на новите владетели и општо разочарување на граѓаните желни за промени, второто зависи од силата на режимот и волјата кај тазе власта за негово докрајчување.

Дали новиот премиер треба високо да го крене мечот на правдата, веднаш откако ќе ја преземе власта? Секако. Дали новата власт треба да спроведе акција од типот на „Сабја“ во Србија по атентатот врз премиерот Ѓинѓиќ?

Да, се разбира. Подобро превентивно, отколку недај боже, пост-хумно

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”