Нема бегање од нова истрага

by Фокус

Среда, 27 март 2013 година – петок, 27 март 2015 година. Поминаа две години од трагичната, чудна, контроверзна и мистериозна сообраќајна несреќа во која загина основачот и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов, најслободоумниот и безмерно најхрабриот новинар.

Борец за слобода, демократија, вистина и правда. И прекрасен, голем човек!

Претставниците на власта на фамозната прес-конференција во јули 2013 г. соопштија дека „до овој момент од сите докази што ги има Јавното обвинителство не произлегува дека оваа сообраќајна незгода во која загина Младенов е резултат на сторено кривично дело“.

Дали со тоа оставија можност во иднина да има, да се најдат или откријат – и некои други „моменти и докази“?

Затоа, и домашната, но и меѓународната јавност, сѐ  почесто и погласно продолжува да бара и оваа истрага – да се истражи!

Ќе биде, кога-тогаш. Но, додека е оваа власт – сигурно не!

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”