Изработката на сонцето со шеснаесет краци кое „блеска“ на црвениот тепих во директорскиот тепих на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, била бесплатна. Фирмата ангажирана како подизведувач во изградба на објектот, го дизјанирала тепихот про боно, а дизајнот бил одбран од претходното раководство.
Сонцето од Вергина е прво што влегува во очи кога ќе се влезе во пространиот кабинет на директорот. Сместено е во центарот на подот, со дијаметар од околу едно метро.
Новопоставениот директор, Душко Весковски, вели дека не е патриотски национален симбол да се смести на под каде што го гази секој кој ќе влезе во кабинетот. Но неговиот претходник, Атанасов, вели дека сонцето е инспирација од археолошките локалитети во Грција.
-Ако сте биле во Акрополис арената во Атина ќе знаете дека сонцето го има насекаде на подовите. Значи таму постојано се гази. Го имате исто така во стотици цркви во Грција, па сепак тоа не е спорно таму, а спорно е во кабинет – вели Атанасов
Подот е, вели, позиција во договорот за изведба на зградата која беше изградена по принципот клуч на рака. Раководството било прашано само за бојата на хојгата и за декорот. Директорот одлучил бојата да биде црвена, а декорот да биде сонце од Вергина. Додава дека сите декорации се изработени бесплатно од подизведувачот.