Клучните обвинителства ќе добијат нови шефови, ќе се пополнат местата на Зврлевски, Гешкоска и Илиевски

by fokus 13:50
13:50

Во сабота, во Собранието, се очекува да биде избран новиот републички јавен обвинител, Љубомир Јовески, а веднаш потоа се очекува и да се пополнат испрзнетите челни позиции во Скопското јавно обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Мандатот на Гордана Гешкоска, шефицата на Скопското јавно обвинителство, заврши во мај, а во Советот на јавните обвинители, се уште се прават калкулации кога да се закаже седницата за избор. Претседателот на Советот, Коле Штерјев, за „Фокус“ вели дека до крајот на неделата би требало да се утврди кога ќе се закаже седницата, напоменувајќи дека треба да се одлучува по неколку објавени огласи за избор на обвинители.

- Advertisements -

Гешковска повторно е во трка за шефовската фотеља во скопското јавно обивнителство, а нејзин против кандидат е Јован Цветановски, кој и беше заменик. Гешковска на јавноста и е позната и по предметите што ги водеше како обвинител за организиран криминал меѓу кои „Бачило“ и „Пајажна“ против Велија Рамковски кои добија завршница пред македонските судови, „Монструм“ кој се наоѓа на ревизија пред Врховниот суд, случајот „Изгрев“ што апелација го укинуваше.

Цветнановски пак како нејзин заменик, пошироката јавност го запозна по прес конференцијата што ја одржа за слуачјот „Фабрика за афери“ против Захир Бекири Чауш. Во трката влегува и обивнителот Мартин Митревски кој го водеше предметот за големиот пожар во Македонска пошта и обвинителот Расим Дреца.

Интересна битка ќе се води и за челната позиција во обвинителството за организиран криминал, каде што до неодамна шефуваше Јово Илиевски. Освен досегашниот вршител на должност во ова обивнителство Златко Биковски, на огласот се пријавиле и Вилма Русковска, позната по предметите „Диво Насеље“ и „Детонатор“, Лидија Раичевиќ Вучкова која го води предметот „Ровер“ против Љубе Бошковски, кој Апелација два пати го укинува.
Валентина Вурмо

 

Поврзани новости