Мајка со бебе ограбила баба

by Fokus 13:38
13:38

Мајка со бебе физички нападнала баба, која и ја одзела чантата и го побегнала, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 21,40 часот било пријавено дека во Струмица на ул.„24-ти Октомври“, додека Р.М. (80) се движела по тротоарот од зад грб била физички нападната од непознато женско лице, кое и ја одзело чантата и го напуштило местото на настанот. Р.М. почнала да вика за помош и неколку малолетни лица успеале да ја сопрат сторителката да влезе во такси возило кое било паркирано во близина, по што и ја зеле чантата и и ја вратиле на оштетената.

- Advertisements -

Сторителката која имала оставено бебе во такси возилото, го зела детето и го напуштила местото на настанот. Оштетената забележала дека од чантата и недостасува паричникот, а од нападот се здобила со повреди, по што била пренесена во Јавната здравствена установа-Струмица каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости