Двете обвиненија од СЈО распоредени на двајца судии од Кривичниот суд

by fokus

Двете обвиненија кои минатата недела ги поднесе Специјалното јавно обвинителство веќе се распоредени на двајца судии од Кривичниот суд. Распределбата на предметите се прави во согласност со електронскиот систем за распределба, информираа од Судот.

-За овие предмети не е предвидено водење на предистражна постапка, туку обвинителниот предлог или приватната тужба треба да биде комплетирана и документирана со цврсти докази кои даваат повеќе од разумно сомнение за сторено кривично дело и Судот не би требало да има тешкотии за утврдување на фактичката состојба, со долго водење на главната расправа, велат од Судот за Академик.

 

Поврзани новости