ДУИ: Нема пречка за договор со СДСМ

by fokus

Нема никаква пречка наскоро да се постигне договор и да се формира влада, брифираат високи извори од ДУИ за Телма. Потесното раководство на партијата во моментов ги разгледува забелешките на СДСМ на нивниот предлог за албанскиот јазик, за кој нема големи разлики меѓу ставовите на двете партии.

Според предлогот на ДУИ, се бара решавање на јазичното прашање во рамки на Уставот, односно официјализирање на албанскиот јазик на места каде над 20 отсто од жителите се Албанци. Сепак, од ДУИ не откриваат колку ќе трае целиот процес и колку време ќе им треба за конечна одлука.

Од Алијансата за Албанците и БЕСА веќе изразија подготвеност да ги дадат пратеничките потписи на Зоран Заев за да добие мандат за состав на влада, дури и ако потоа не се договорат за коалиција.

Поврзани новости