ДС: По срамниот говор, на Иванов му останува само да си поднесе оставка

by fokus

Од Демократскиот сојуз реагираа на вечерашниот говор на претседателот Ѓорге Иванов, оценувајќи дека тој само дополнително ја усложнил политичката криза во Македонија.

– По овој катастрофален и срамен говор, единствена опција на Иванов е да се повлечете од функција. Тој направи длабока поделба меѓу граѓаните и партиите, се стави во функција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи професионално и транспарентно и која повеќе од 65 отсто од граѓаните ја поддржуваат – наведува ДС во соопштението.

Од партијата додаваат дека граѓаните протестираа токму против одлуката на претседателот за аболиција, но во ниеден момент не ја загрозиле безбедноста на државата.

Поврзани новости