Директорката на Фондот за здравство си поднесе оставка

by Фокус

Директорката на Фондот за здравстевно осигурување, Маја Парнаџиева Змејкова, си поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.

– Човек сум што сум воспитан да помогам на другите, а не сум ладен бирократ. Денес објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ – рече таа.

Парнаџиева објасни дека сите процедури за случајот на малата Тамара биле испочитувани во врска со работата на Фондот за здравство, а рече дека само чекала да стаса и обдукцискиот наод, па да ја соопшти својата одлука.

10854977_10206309940452565_3199334829188447639_o

Поврзани новости