Димовски и препорача на Владата како да одлучи кој од министрите да „шутне“

by fokus

Координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната собраниска седница по однос на одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетски корисници и порача на Владата да ја земе во предвид оваа одлука при реконструкција на владиниот состав.

Според него прераспределбата во буџетот за 2017 година ги покажува слабостите при планирање и реализација на средствата.

-Оваа одлука претставува дијагноза на вашето работење. Очигледно не сте подготвени да бидете власт. Ви препорачувам најдобронамерно да ја земете во предвид одлуката при решавањето кој од министрите да си оди – рече Димовски.

Тој додаде дека со прераспределбата, Владата крати од ставката наменети средства за спортски објекти, за реконструкција на студентски домови и за реализирање на ветена канализација.

Со одлуката се предвидуваат повеќе средства за исплата на фактури и заостанати долгови при изградба на објекти од проектот „Скопје 2014“. За долговите од изградба на Македонска филхарномија се предвидени 15 милиони евра.

Поврзани новости