Се преврте возач со 2,28 промили алкохол во крвта

by fokus

49-годишниот И.С. од делчевското село Ветрен се здобил со тешки телесни повреди откако се превртел управувајќи го возилото „Фиат Добло“ на на магистралниот пат во близина на с.Очипала-делчевско. Сообраќајната незгода се случила вчера околу 17.00 часот.

По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, при што било извршено алкотестирање на возачот и било утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,28 промили.

Поврзани новости