Димовски: Ако сакавме да го блокираме парламентот, ќе поднесевме 350 наместо 35 илјади амандмани

by Фокус

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, посочи дека неговата партија поднела 35.000 амандмани на законот за употреба на јазиците за власта да сфати дека не треба да постигнат само политички, туку пред се општествен консензус.

-Поднесувањето на 35.000 илјади амандмани е со цел да ја разбуди свеста кај Владата на РМ, дека за овие прашања треба да биде постигнат општествен консензус. Тие треба да разговараат со професори правници и албанолози, да ги слушнат ставовите на помалите политички заедници – рече тој.

Димовски истакна дека доколку сакале да ја блокираат работата на Собранието, тие немало да поднесат 35.000 туку 350.000 амандмани.

Поврзани новости