ДИК е подготвена за прегласувањето во Теарце, избирачкото ливче е исто

by Fokus

Утре во Теарце ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ по одлуката на Управниот суд  да го поништи гласањето на ова избирачко место.

Државната изборна комисија едногласно донесе одлука за прегласување бидејќи симулацијата направена од ИТ-секторот покажала дека прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите.

Според ДИК, Теарце е подготвено за гласање, а акредитирани се набљудувачи на невладините организации на МОСТ и ЦИВИЛ.

Иако, ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во прегласувањето уште пред да се донесе одлуката на Судот, ДИК вели дека избирачкото ливче останува исто со сите 11 кандидатски листи.

 

 

Поврзани новости