Јакуповиќ: Почеток на падот на режимот

by Fokus

 Пишува: Един Јакуповиќ

Што се случи на 24 декември?

Тоа утро во мојот град по наредба на фирерот се мобилизираше партиската војска и  полиција која насила беше носена од целата држава, во колони присилени да го бранат режимот! Беа истоварени наоружени со цврсти предмети под контрола во секој момент да се спротистават на народот кој масовно излегуваше да си ја одбрани државата и демократијата на мирен начин, онака како што доликува на граѓанинот!

На присетување на овој црн понеделник се уште ме боли душата кога го слушав лелекот на моите другари и другарки кои насилно беа торпедирани од ударите со камења и слични предмети, тој ден… Фирерот ги спрегна и тргна со партиската полиција врз сопствениот народ! Тој ден! Внатре во собранието на Р.Македонија. Партиската полиција удри врз пратениците ( гласот на народот) и врз новинарите ( очите на македонската демократија) тој ден бев горд на татко ми кој никако не ми ја испушташе раката и заедно рамо до рамо беше таму во одбрана на мојата и иднината на моите  другари и другарки, беше таму во одбрана на татковината! Ти благодарам.

24.12.2012. да не се заборави и никогаш да не се повтори!

Денес последниот ден од овој ГНАСЕН РЕЖИМ злосторникот повторно преку своите поданици пробува да ја купува вољата на народот!

Тоа што ме прави  тажен е фактот што ДПТ ( Турската демократска партија)             и тогаш и денес ја игра главната валкана поданичка игра во режија на ВМРО ДПМНЕ.

Една мудра турска поговорка вели… Подобро да кажам да ми изгоре устата отколку да молчам и да ми изгори душата!

Дали е вистина дека “врвот” на ДПТ (турската демократска партија)  веќе неколку дена вклучително и денес е послеедниот адут во ракавот на режимот во Теарце кој одработува за опстојување на  оваа диктатура  и преку поткуп со неколку стотици евра го лаже сопствениот народ со тоа што го уценува и  на најбезобразен начин- еве ти ги парите, колку и да посакаш! Но за возврат им ги зема документите за идентификација ( Л.К. и ПАСОШ ) со тоа и на криминален начин ја ускртува вољата за слободни фер и демократски избори !

Нема да ви успее!

Затоа НИЕ членовите на ДНЕТ  одлучно застанавме зад своите граѓани, а не зад личниот интерес! Затоа ве повикувам на 25 декември да излезете масовно на избори со заокружување на бр.4  да го зададете последниот демократски удар врз  режимот на системот и да го вратиме животот во Македонија. Затоа што секој е важен! Затоа што Македонија е за сите!

РЕЖИМОТ ПАДНА!

ДОАЃА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Поврзани новости