Дијабетичарите бараат потпис од шест ендокринолози дека новиот инсулин е безбеден

by Фокус

Продолжува битката на дијабетичарите со здравствените власти, дека инсулинот кој го примаат треба да биде квалитетен и безбеден. Асоцијацијата за детски дијабетес бара писмена гаранција со потпис од шест ендокринолози дека новата терапија е безбедна, откако не успеале да го убедат министерот за здравство Никола Тодоров да не им го менува инсулинот.

– Можеби дел од нив ќе го потпишат документот, но не гарантирам дека сите ендокринолози што ќе ги наведеме ќе го сторат тоа, бидејќи имаме многу деца дијабетичари на возраст од три до шест години, кај кои секоја промена на инсулинската терапија може да доведе до шок на организмот. И јас сум сум ја имал истата промена и можам да тврдам и да гарантирам за тоа дека може да настане проблем – вели Бобан Несторовски од Асоцијацијата за детски дијабетес „БалансМК“.

Веќе две недели по ред, дијабетичарите се трудат да докажат дека не смеат да примаат инсулин кој не им одговара и дека на тој начин може да им се влоши здравствената состојба. Нивниот апел не наоѓа на разбирање кај здравствените власти, кои пак, тврдат дека новиот инсулин е безбеден.

Поврзани новости