Стаменов: СДСМ ја спречи акцијата за откривање на нелегалниот тутун

by Фокус 18:44
18:44

Државниот инспекторат за земјоделство и министерството за земјоделство се изненадени од злоупотребите на СДСМ, за која како што велат им попречила во големата акција каде што при последните контроли се казнети 24 физички лица за нелегално производство на тутун на 60 хектари. Сите се казнети со по 600 евра глоба и решенија за забрана на производство на тутун.

Според директорот на инспекторатот Румен Стаменов, откако акцијата продолжила, извршена е повторна контрола кај овие лица и увидено е дека 12 од нив продолжиле да работат и биле казнети со по уште 1.500 евра казна. При акцијата се одземени 10 тони нелегално производен тутун.

- Advertisements -

– Изненадени сме од злоупотребите на одредени партиски структури, во случајов СДСМ , кои реагираат и прашуваат зошто сме казниле нелегални производители. За државните институции во Македонија, како и за нас, законите се исти за сите, немилосрдни и нема отстапки. Ние акции спроведуваме во континуитет. Како државна институција немаме обврска за тоа да ги информираме политичките партии во земјава. Секоја акција ќе се спроведува во тајност, за истата да не биде попречена – истакна Стаменов.

Тој додава дека најголемата опозициска партија со своите прес-конференции само наштетила и придонела да се спречи акцијата.

Поврзани новости