Блокиран булеварот Гоце Делчев, приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ ги паркираа своите автомобили во знак на протест

by fokus

Десетици граѓани денеска со своите автомобили го блокираа булеварот Гоце Делчев пред Кривичниот суд во Скопје во знак на протест против обвиненијата што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. До судот се поднесени и барања за одредување на притвор на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, меѓу кои за лидерот на партијата и поранешен премиер Никола Груевски.

Пред судот нема никакви скандирања, а демонстрантите само седат во своите автомобили и го блокираат булеварот, пренесува порталот А1он. Околу судот е зголемено полициското обезбедување.

Денеска истекува рокот од 24 часа во кој судот треба да донесе одлука по барањата за притвор и за мерки за претпазливост против дел од обвинетите во случаите на СЈО.

Синоќа околу 300 граѓани се собраа пред Кривичниот суд на протест против обвиненијата на СЈО, каде извикуваа „Македонија“ и „Нема да ви помине“.

 

 

 

Поврзани новости