БЕСА: Декларацијата ја изразува заедничката волја на албанските партии

by Фокус

Декларацијата на албанските партии во Македонија, составена од страна на албанскиот фактор, е поддржана од страна на албанските партии во Македонија, кои се подеднакво заслужни за нејзиното изготвување, без ниедна партија да има посебна заслуга, велат од БЕСА.

„Оваа декларација ја изразува заедничката волја дека било која партија која денеска и во иднина може да биде дел од власта, да се залага дека со било која владина програма со било кој македонски партнер овие точки да бидат главен приоритет врз основа на кои ќе се подржи одредена владина програма“, соопштија од оваа партија.

Од таму додадоа дека декларацијата е во целосна согласност со платформата за Редефинирање и со изборната програма на Движењето БЕСА.

Поврзани новости