1.1K
Антонио Милошоски денеска потврди дека нема да влезе во трката за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември.
„Сите и стојат на располагање на партијата, но јас побарав да не бидам на листа“, изјави Милошоски на прес конференција.
Како што дознава „Фокус“, Милошоски менува професија – во центарот на Скопје веќе извесно време подготвува нотарска канцеларија.
Нотарскиот испит го положи на почетокот на годината заедно со Ермира Мехмети и Ивица Коневски.
Милошоски од 2006 беше министер за надворешни работи, но по парламентарните избори во 2011 година се повлече од функцијата наведуваќи дека тоа го прави од семејни причини.