Затвореник починал во Идризово, лекарот му рекол „не ти е ништо”

by fokus 21:21
21:21

Затвореник починал во Идризово, откако лекарот во амбулантата му рекол дека не му е ништо и го пратил назад во ќелијата, пренесе Телма.

Братот на затвореникот тврди дека во установата не му била дадена соодветана медицинска помош, иако се пожалил неколку пати во затворската амбуланта дека не се чувствува добро.

- Advertisements -

И затвореници за роднините на починатиот, сведочат дека нему неколку пати му се слошило, имал силни болки во градите и повремени несвестици. Вчера последен пат отишол да побара лекарска помош, но командирите го вратиле во ќелијата. Починал неколку часа подоцна, во затворскиот кревет. Цимерите ги завиткале во кебе и бил однесен во болница со возило од затворот, но лекарите само констатирале смрт.

Од затворот директорт Живко Пејковски потврди дека затвореникот бил прегледан во амбулантата и пуштен во соба и појаснува дека по вториот напад бил однесен директно во болница. Тврди дека починал на пат кон болница.

Починатиот затвореник бил повратник во затворот осудуван за дрога, а во установата примал метадонска терапија и се лечел од хепатит.

Поврзани новости