Амбасадорот Карлов загина во атентатот во Турција

by fokus

Рускиот амбасадор во Турција Андреи Карлов кој беше тешко ранет во вооружен напад во Турција, им подлегна на повредите.

Амбасадорот беше застрелан во атентатот кој беше извршен врз него на отворање на изложба во Анкара.

Светските медиуми објавија и фотографии од атентаторот, кој откако го убил амбасадорот, со пиштолот и продолжил да се заканува, но набрзо бил убиен од турските безбедносни сили. Во нападот тој ранил уште неколку лица.

Ова се случува по протестите во Турција за руската воена интервенција во Сирија.

Поврзани новости