Адвокатите на семејството на Алмир бараат меѓународен мониторинг на судењето

by fokus

Адвокатите на семејството на Алмир Алиу бараат меѓународен мониторинг на судскиот процес, пренесува Алсат. Нивниот адвокат пратил писмо до странските амбасади во земјава за нивно ангажирање за да се спречи, како што се вели, можност за неправедно судење.

В четврток ќе се изнесат завршните зборови во процесот. Алиспахиќ се надева дека обвинителката во предметот нема да побара преквалификување на делото од „убиство“ во „собраќајна несреќа со смртна последица“.

Процесот за овој случајот стартуваше одново. Основното обвинителство остана на истото обвинение, независно од одлуката на Јавното обвинителство за преквалификување на делото од „убиство“ во „собраќајна несреќа со смртна последица“ за што „за“ беше и јавниот обвинител Љубомир Јовески . Во овој случајот три лица се обвинети за насилство, а Бобан Илиќ е обвинет за убиство на четиригодишниот Алмир.

Поврзани новости