564
Јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска се појави на седница на Советот на јавни обвинители кадешто сѐ уште е член по функција.
Тој за да ги избегне камерите пристигна со возило на полицијата кое беше паркирано непосредно пред влезот, блокирајќи го и недозволувајќи им на камерите да го снимат неговото влегување.
Сѐ уште не се знае дневниот ред на седницата, но владата веќе иницираше постапка за разрешување на Зврлевски. Според законот пред предлогот за разрешување да стигне во Собрание, владата треба да прибави мислење од Советот.
Последните неколку седници на Советот на кои требаше да се бираат обвинители во повеќе обвинителства беа одложувани.