535
Кошаркарите на Црвена звезда го победија Партизан во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата со резултат 68:56 и со тоа го оставија отворено прашањето на шампионот во регионалното натпреварување.
Најефикасни кај победниците беа Факундо Кампацо со 21 поен, Огњен Добриќ со 14 и Филип Петрушев со 10, а кај црно-белите Данте Ексум со 12 и Алекса Аврамовиќ и Кевин Пантер со по 10 поени.
Двете екипи победија во финалната серија која се игра до три триумфа кога беа домаќини, а во петтиот натпревар домаќин ќе биде Партизан, а таа средба ќе биде во четврток од 20 часот по средноевропско време.