Звезда и Партизан одиграа нерешено – одличен меч на стадионот „Рајко Митиќ“, заврши 2:2

by Fokus

Фудбалерите на Црвена звезда и Партизан освоија по бод во 172. „вечно дерби“, кое по голема борба заврши 2:2 (1:1).

Головите за домашните ги постигнаа Урош Спајиќ во 44. и Шериф Ендијаје во 69. минута, додека за црно-белите Матеус Салдања во последната минута од првиот дел и Алдо Калулу во 49. минута, додека Ксандер Северина доби црвен картон во 75. минута.

Навивачите во Србија одамна немаат видено подобра и поинтересна средба на двата најголеми локални клуба од онаа што се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“.

Црвена звезда беше подобра во првите 45 минути, можеше лесно да поведе со, без претерување, дополнителни три гола, но гостите од Хумска во игра ги заштити голманот Александар Јовановиќ.

Партизан во тој период од натпреварот беше повеќе борбен отколку квалитетен, неговите играчи беа претежно на својата половина, а од ретките ситуации кога се доближуваа до голот на домаќините создадоа две одлични прилики. Најпрво шутираше капитенот Светозар Марковиќ, а неговиот удар го запре голманот Омер Глејзер, а во финишот Матеус Салдања успеа да ја смести топката во мрежата.

Пред тој гол на Бразилецот, Урош Спајиќ во водство ја доведе Звезда, кој од три-четири метри ја заби топката во мрежата покрај тромниот Леонард Овусу.

Мирко Иваниќ, Марко Стамениќ, Осман Букару и Шериф Ендијае не беа прецизни како бекот на актуелниот шампион.

Сите тие грешки на црвено-белите ги казни лидерот на табелата уште на стартот од вториот период. Најпрво одлична прилика имаше Нато, но во неговиот удар „влезе“ Урош Спајиќ, па веќе во 49. минута Партизан дојде во водство. Фудбалерите на Партизан брзо ја префрлија топката на противничката половина, таа стигна до Алдо Калулу кој беше побрз од Срѓан Мијаиловиќ и Глејзер мораше вторпат да ја извади топката од мрежата.

Недолго потоа тренерот на Звезда, Владан Милојевиќ го повлече Гејлор Канга и воведе уште еден напаѓач, Петер Олајнка, а домаќините одиграа уште поагресивно. Фудбалерите од Хумска целосно се повлекоа, решавајќи да ја зачуваат стекнатата предност, што не се покажа како добро решение.

Тоа се виде во 67. минута, кога домашните успеаја да погодат по уште еден корнер, а тоа го направи Шериф Ендијаје беше целосно сам во шеснаесетникот и без поголеми проблеми ја внесе топката во мрежата.

Кога Ксандер Северина доби два жолти картони во периодот од 70 до 75, моментумот на играта целосно се сврте во корист на црвено-белите, кои доминираа на теренот до крајот на мечот. Избраниците на тренерот Милојевиќ имаа неколку одлични прилики, дури еднаш успеаја да ја погодат рамката од голот, но резултатот на крајот остана непроменет.

Кога ќе се повлече линијата, Звезда беше поблиску до победа од Партизан, кој, пак, имаше можност да го прекине натпреварот со резултат 2,1, а на крајот играчите на двата тима можат да се гордеат со играта.

Од освоениот бод секако позадоволни се гостите од Хумска, кои се уште имаат бод предност пред вечниот ривал.

Поврзани новости