501
Жител на с. Љубин, скопско, пријавил дека во неговиот двор ненадејно паднале две зрна од огнено оружје. Истите најверојатно биле испукано од с. Кондово, информираат од МВР.
„На 23.07.2018 година во 22,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Е.Б. пријавил дека во с.Љубин-скопско во дворот од неговата куќа од непознат правец (најверојатно од с.Кондово) паднале две заталкани зрна од огнено оружје, при што едно од зрната паднало врз предното ветробранско стакло од товарно моторно возило „Рено“ со скопски регистерски таблици, а другото зрно паднало пред товарно моторно возило „Цитроен“ со скопски регистерски таблици. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа и се работи на целосно расчистување на настанот“, посочија од МВР.