Зошто државата веќе не ги бара бегалците од ,,Монструм”?

by fokus

Додека се спрема теренот за екстрадиција на  осудените од ,,Диво Насеље” во Косово, се чини дека државата сосема заборави на бегалците осудени за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, за случајот ,,Монструм”. Иако во јавноста е создаден впечаток дека македонските власти упорно бараат екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, реалноста е сосема поинаква.

Од 2012 кога беше извршен масакарот, па се до денес, екстрадиција била побарана само два пати. Еднаш во 2013 и во 2018 година. Ова е официјалниот одговор кој го добивме од Министерството за правда. На нашето прашање пак дали сега можеби се спрема ново барање, добивме негативен одговор.

Сепак, може да се заклучи дека од министрите за правда најажурна била Рената Дескоска, бидејќи таа пратила и две ургенции во 2019 и 2020 година, бидејќи од Косово не испратиле одговор, на последното барање.

Најавите пак кои подоцна доаѓаа од правда, во 2020 и 2022 година, дека се спремаат нови барања за екстрадиција, останаа лага.

Пред три години министерот Бојан Маричиќ изјавуваше дека тој е спремен да испрати ново барање, а последното ветување од министерството беше минатат година, откако Апелација ја потврди првостепената пресуда за ,,Монструм”, со која двајцата бегалци се осудени на доживотен затвор. Но и двете писма никогаш не стигнаа на адресата во Косово.

Сега пак случајот ,,Монструм” по втор пат се наоѓа пред Врховниот суд. Првиот пат случајот падна и премина во рацете на СЈО, а сега повторно финишот за правосилноста на пресудата е неизвесен.

Пишува: Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости