1.4K
Сенка на денешниот натпревар меѓу Австрија и Македонија стави напаѓачот на противничката селекција Марко Арнаутовиќ во моментите кога го прославуваше голот за конечни 3-1.
Тој се сврте кон Езѓан Алиоски и прво гестикулираше, а потоа почна и го пцуеше нашиот фудбалер.
Нејасно е кои се причините за неговото однесување.
Некои медиуми во Англија тврдат дека имаат нерасчистени сметки од времето кога двајцата играа на Островот.
До лани имаа меѓусебни дуели додека Алиоски со Лидс играше во Чемпионшип, а Арнаутовиќ играше во Стоук.