-Човекот е совесен. Него го селектиравне да покажеме дека има и совест меѓу овие луѓе – рече лидерот на опозициската партија, СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Телма.
За Ставревски, Заев вели дека дека бил еден од совесните луѓе во владата и дека наскоро граѓаните ќе чуеле како тој реагирал на изборните манипулации.
Според Заев, овој случај не можел да има судска разрешница, бидејќи како што вели Заев, се’ било поклопено покрај власта, па затоа случајот ќе имал политичка разрешница.
-Зарем ВМРО-ДПМНЕ да ми суди? Зарем Зврлевски да ме суди? И Заев само ако успеал да влезе во Петтата управа и да прислушува, Владата треба да си даде оставка. Груевски ќе падне, бидејќи ќе нема политичка вредност кога ќе објавиме се што имаме“, рече вечерва во емисија на Телма, господинот Заев.
Заев истакна и дека откако почнале да ги објавуваат прислушуваните разговори, се’ повеќе поединци се охрабриле и им донеле нови докази, за како што вели Заев, криминалните дејствија на оваа влст,
Во разговорот, Заев напомена и дека бил наместен вториот судски процес против Љубе Бошковски.