Зоран Јовановски- Челик можен наследник на Лазе Велковски

by fokus

Зоран Јовановски -Челик е еден од можните наследници на Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), дознава „Фокус“ од доброупатени извори.

Додека од Владата се чека да соопштат кога ќе се расправа за разрешувањето на Велковски, по скандалот со злоупотребата на неговиот службениот автомобил, за превезување на неговата ќерка во Грција, се шпекулира дека генералот во пензија, Јовановски, е во игра за челното место на БЈБ.

Од она што успеавме да го дознаеме, Јовановски целиот работен век го поминал во безбедносните служби, а последната работна позиција, пред да отиде во пензија во 2017 година, му била началник на Единицата за известување и командување (ЕИК).

Јовановски, кој меѓу своите колеги е познат под надимакот Челик важи за голем професионалец, а една деценија работел и како специјалец. Учествувал и во воениот конфликт во 2001 година, при што бил ранет во Ваксинце. Токму затоа Јовановски влегол во игра, а како што велат неговите колеги, нема човек во МВР кој за него не дал високо мислење и почит.

Инаку и актуелниот директор Велковски целиот работен век го поминал во МВР, но на пат е да ја изгуби директорската позиција поради неодамнешниот скандал, за кој се правдал дека го направил поради заканите по живот кој ги добивал за својата ќерка.

Велковски дипломирал на Факултетот за безбедност – дипломиран криминалист. Вработен е во Министерството за внатрешни работи од 01 март, 1991 година.

Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во Министерството за внатрешни работи и Агенција за разузнавањеб и тоа: Водич на безбедносен сектор во МВР  до 1992; командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај; виш инспектор за дежурни служби до 2001 година; заменик командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Скопје, помошник за работи на полиција (шеф на униформирана полиција) во Скопје до 2003 година, началник на СВР-Велес до 2004 година; помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ до 2004 година, бил директор на БЈБ во МВР до 2004 година.

Во Агенцијата за разузнавање бил распореден на повеќе работни места како главен оперативен разузнувач… До 2002 год. бил припадник на ПЕП (Посебните едниници на полиција) при што учествувал  во многубројни акции и операции при нарушен јавен ред и мир, посетувал обуки поврзани со професионалниот ангажман.

В.В.

Поврзани новости