Поранешниот премиер, Зоран Заев и неговиот брат, бизнисменот Вице Заев денеска ја регистрираа Фондацијата Заев – Едно општество за сите, пренесува МКД.МК.
Директор на фондацијата е Зоран Заев.
Според она што е наведено како нејзина дејност, фондацијата ќе врши активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница Струмица.
Цели на фондацијата се креирање на Заев социјално-хуманитарниа програма, Заев солидарно – инклузивна програма, Заев конгрес центар, Заев програма за животна средина, Заев академија на јавни политики, Заев спортско-рекреативна програма, Заев мото-рели.
Заев идејата за тоа дека ќе формира фондација ја најави во март на дипломатскиот форум во Анталија. Најавено беше дека во тимот на фондацијата ќе биде и поранешниот министер за здравство Венко Филипче како и други поранешни функционери, актуелни интелектуалци, професори, бизнисмени.
Извор: МКД.МК