БСП не е за нови избори, ќе разговара за малцинска влада во Бугарија

by fokus

За Бугарската социјалистичка партија (БСП) предвремени парламентарни избори би значеле поголем хаос и продлабочување на кризите, како и немање функционално Народно собрание кое би носело одлуки, порача лидерката на БСП, Корнелија Нинова, која е еден од четирите коалициски партнери во бугарската влада откако Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) објави дека ја напушта владата.

Според Нинова, избори би значеле неизвесност и тоа Бугарија не може да си го дозволи сега.

-Ние сме одговорни за учеството во оваа влада и знаеме како да одиме напред. Силно ја поддржуваме политиката на премиерот Кирил Петков и негова партија Продолжуваме со промените што се однесува на борбата против корупцијата и моделот кој беше воспоставен од ГЕРБ (претходната владејачка партија на Бојко Борисов). Децидни сме дека ќе продолжиме на овој начин, рече Нинова.

Лидерката на БСП најави дека вечерва ќе состанок на лидерскиот совет на актуелната владејачка коалиција и ќе се расправа и за малцинска влада, опција којашто претходно ја најави и премиерот Кирил Петков.

-Избори сега сметаме дека се нелогични, штетни и неразумни, вели Нинова.

На прес-конференцијата таа зборуваше и за прашањето за Република Северна Македонија за што порача дека БСП нема да се согласи да го укине ветото додека Северна Македонија не ги исполни условите од договорот.

Токму прашањето за Северна Македонија, беше една од двете причини поради кои досегашниот коалициски партнер од ИТН, Слави Трифонов, денеска соопшти дека ја напушта владата.

Поврзани новости