Зоран Ѓорѓиев избран за нов Генерален Директор на ЈП Македонски Шуми

by fokus

На предлог на Владата на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден, Управниот Одбор, едногласно го избра Зоран Ѓорѓиев за нов Генерален Директор на ЈП Македонски Шуми, соопшти општинската организација на СДСМ од Кавадарци.

Ѓорѓиев е роден на 18.02.1971 во Кавадарци. Оженет и татко на две деца. Основно и средно училиште завршува во Кавадарци. Дипломира на Шумарскиот факултет на „Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во ЈП Македонски Шуми работи повеќе од 20 години, поточно од 1996 година кога се вработува како шумарски инженер во подружницата на ова претпријатие во Кавадарци. Од 2004 до 2006 е директор на ЈП Македонски Шуми подружница Кавадарци.

Од 2013 година па до денес, Ѓорѓиев е претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.

Поврзани новости