ЗНМ: Жалбата на обвинителство за условниот отпуст на Кежаровски е одмаздничка и нехумана

by Фокус

Од Здружението на новинари сметаат дека жалбата на Основното јавно обвинителство на условниот отпуст за новинарот Томислав Кежаровски е одмаздничка и нехумана. Според нив, ова е само невешт театар да се одглуми правна држава и бескрупулозна игра на нерви на штета на еден невин новинар и слободата на говорот.

– Тврдењето на обвинителството дека Кежаровски не ги исполнува условите за условен отпуст покажува дека оваа институција одбива да ја прифати одговорноста што две години гони невин човек. Со овој чин Обвинителството безуспешно се обидува пред јавноста да ги дискредитира новинарите како најголеми криминалци кои не заслужуваат никаква милост и со тоа да ја девалвираат мисијата на медиумите во едно демократско општество како коректив на власта. Освен тоа, однесувањето на обвинителството е нечовечко изживување врз Кежаровски и неговото семејство, со цел да ги скршат и да станат пример за сите други новинари и граѓани, кои ќе се дрзнат да го предизвикаат системот кога ќе им се кршат нивните слободи и права – се наведува во соопштението од ЗНМ.

Според нив, случајот на Кежаровски покажа дека во Македонија не останало ништо од правната држава и правдата затоа што полицијата, обвинителството и судот се здружија во кршењето на слободата на говорот, како една од основните човекови права и слободи.

Поврзани новости