ЗНМ: Владата менува медиумски закон без наше знаење

by Фокус

По скратена постапка, без јавна расправа и без да го информира Здружението на новинарите на Македонија Владата предлага измена на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, реагираше денеска новинарското здружение.

– Владата интервенирала во делот на предлагачите на програмскиот совет на Македонската радио-телевизија. Сегашното решение предвидува мнозинското здружение на новинарите да предлага двајца членови во Програмскиот совет, додека со измените се бара предлагачи да бидат двете новинарски здружениа. Ние сметаме дека Владата не треба да го менува законот пред да почне да се применува. Очигледно е дека на некој не му се допаѓа тоа што овие два члена во програмскиот совет на МРТ треба да ги предлага ЗНМ, како мнозинско здружение. Тоа покажува дека Владата ги менува сопствените закони кои не ѝ одат во прилог – изјави денеска претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

 

Поврзани новости