ЗНМ со осуда за насилството против новинарите кои ги следат протестите

by Фокус

Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува насилството врз новинарите од полицијата и насилните демонстранти во Скопје.

– Насилството против новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за настани од јавен интерес. Поразително е за македонската демократија кога полицијата тепа новинари на протести место да им обезбеди услови за непречена работа. Да се истура граѓанското незадоволство на протести врз новинарите е чин на кукавичлук и примитивизам, се вели во реакцијата на ЗНМ.

ЗНМ бара МВР, обвинителството и судовите да ги открие и казнува насилниците. Ако брзо не се расветлат овие напади во јавноста ќе се создаде сомнеж дека институциите свесно толерираат насилно против новинари.

– Предупредуваме дека ваквото неодговорно однесување на институциите може да поттикне уште посериозни напади против новинарите со трагични последици, напоменува ЗНМ.

ЗНМ ги повикува медиумите протестите да ги покриваат со искусни и обучени новинари, видно означени со потребни легитимации.

Поврзани новости