Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) достави жалба пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за инцидентот со новинарите од 24 декември 2012 година во Собрание.
– Од европскиот суд бараме да утврди прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права поради насилното бркање на новинарите од собраниската галерија. Ние сметаме дека во овој случај се повредени и членот 6 и 13 од Конвенцијата, кои гарантираат право на фер судење пред уставен суд и право на ефикасен правен лек. ЗНМ беше заинтересирано ова прашање да го реши пред домашните институции, меѓутоа ниту една од одговорните институции, тргнувајќи од Собранието на Република Македоинија, до Уставниот суд, не покажаа демократски капацитет да утврдат една очидгледна повреда на нашиот устав, кој гарантира слобода на изразување и информирање – изјави
ЗНМ верува дека Европскиот суд ќе утврди прекршување на правото на слобода на изразување согласно член 10 од Европската конценција затоа што е очигледно дека новинарите беа спречени да информираат за седницата за буџетот, а на јавноста и беше ускратено правото да биде информирано за инцидентите во Собрание.
– Со овој потег сакаме да им покажеме на нашите институции дека вакви репресивни мерки против новинарите и медиумите не се дозволени во демократски општества. Кој ќе ја преземе одговорноста ако Европскиот суд утврди дека со бркањето на новинарите од собраниската галерија е прекршено правото на слобода на изразување? Сакаме да потсетиме дека државниот врв од претседателот, премиерот и претстедателот на Собранието изразија жалење за инцидентот, а Анкетната комисија за расветлување на инцидентите во Собрание утврди дека со бракњето на новинарите било прекршено начелото на јавно информирање, кое е дел од слободата на изразување – велат од новинарската асоцијација.